Бурек - 24 часа
Граѓаните на Скопје во иднина ќе можат да купат бели печива и бурек во секој период од деноноќието. Со одлука на Град Скопје работното време на пекарите и бурекчилниците ќе биде 24 часа.
Пред неколку месеци советниците донесоа одлуката со која работата на овие занаетчии беше ограничена само до 23 часот. Образложение беше дека процесот на работа на пекарите и на бурекчиите, како и на слаткарите, е специфичен и почнува во 23 часот, а завршува во раните утрински часови. Продажбата на тазе бурек наутро, според повеќето градски советници е дел и од скопската традиција.
vecer.com.mk